Претходна статија
Годинава ќе се спроведува гасификација на Карпош
Следна статија
За 2013 планирана изградба на 474 социјални станови

Промовирани последните двокатни автобуси

Објавено на 03.01.2013 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Последната тура кинески двокатни автобуси од денеска е вклучена во флотата на ЈСП „Скопје“, со што е завршен проектот за подновување на возниот парк на ова јавно претпријатие. На денешната промоција беа претставени вкупно 79 автобуси, од кои 64 затворени – за јавен превоз и 15 со отворен покрив – за панорамско разгледување. Најавено е дека кога временските услови ќе дозволуваат, на редовните линии ќе се обраќаат и панорамските возила.

 

извор: Град Скопје

 

 

Ретро – дизајнот на „Јутонг“ (Zhengzhou Yutong Group Co.Ltd.) беше пресуден на петтиот тендер во март 2010 година, после што во април истата година следуваше потпишување на договорот со кинеската компанија, а првиот примерок започна со редовна служба во ЈСП во април 2011 година. Набавените автобуси се долги по 10,58  и се високи по 4,2 метри. Ги придвижува 6,7 литарски мотор од произведувачот „Cummins“, со моќност од 220 коњски сили. Возилата имаат капацитет за 80 патници, од кои 40 се седишта на горната платформа, додека на долната платформа има 20 седишта (17 фиксни и 3 на расклопување) и 20 места за стоење. Таванот е висок 190 сантиметри на долната и 170 сантиметри на горната платформа.

 

Првата одлука за набавка на двокатни автобуси за ЈСП датира од јуни 2008 година, кога беше распишан тендер за пет половни двокатни автобуси и 45 стандардни современи автобуси за јавен превоз, но потоа Владата како донатор неколку пати се предомислуваше околу бројката на двокатните, која најпрвин беше зголемена на 50, потоа на 102, а веќе во октомври истата година беше решено да се купат 302 возила од ваков тип. Во 2009 година Владата ја намали бројката на 202, од кои два панорамски, но подоцна дополнително беа нарачани уште 15 панорамски автобуси од истиот производител – „Јутонг“.

 

 

» Форумска дискусија за двокатние автобуси на ЈСП