Претходна статија
Почна реализацијата на комплексот на ФФМ
Следна статија
Нови огради на плоштадот

Отворени вратите на „Градежништво 2010“

Објавено на 02.03.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во Скопје денеска беше отворен седмиот меѓународен Сaeм зa грaдeжништвo, грaдeжни мaтeриjaли и грaдeжнa мeхaнизaциja. Под мотото „Од темел до покрив“, на саемот се претставени над 300 фирми од земјава и странство. Доминираат производителите на градежни материјали, изолација, градежна механизација и конструкција, столарија, машини за обработка, како и решенија за спроведување на стандардите на Европската Унија. Во рамките на „Градежништво 2010“ ќе се одржат и две трибини на теми актуелни за јавноста, со учество на стручната и научната јавност. Ќе се дискутира за еврокодови во градежништвото, хармонизација на националната со европската и меѓународната стандардизација и слично. Саемот ќе трае до 6 март, со работно време од 10 до 19 часот. Влезниците чинат по 70 денари, а за групна посета по 30 денари.