Претходна статија
Се бара нов изведувач за довршување на објектот „Југобанка“
Следна статија
Започна изградбата на технолошко - индустриската зона во Прилеп

Нов конкурс за фасадата на ГТЦ

Објавено на 14.12.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ГТЦРаководството на Градскиот трговски центар во Скопје го поништи претходниот конкурс за избор на идејно решение за изградба на петто ниво на објектот и за промена на постоечката фасада и распиша нов кој ќе се одвива по скратена постпка. Образложението е дека на претходниот конкурс распишан во јуни годинава пристигнало само едно решение и дека недостасувала конкуренција. Пристигнатиот труд не беше обелоденет, но според изјавите на директорот на ГТЦ, Аго Абазовски, тој содржел футуристички елементи и застаклување на зданието. Според Абазовски, во новиот конкурс повторно се бара архитектите да се држат до стиловите футуризам, неокласицизам и барок, иако во самиот оглас не е наведено такво барање. Рокот за доставување на проектите е 25 јануари 2013 година. За првонаградениот труд е предвиден надоместок од 180.000 денари, како втора награда ќе се доделат 150.000 денари, а ќе бидат доделени и два откупи од по 50.000 денари.

 

Победничкото идејно решение за надградба на ГТЦ, од конкурсот во 2008 годинаГТЦ е изграден во 1971 година според идејното решение на професорот Живко Поповски. Власта најави надградба на трговскиот центар уште во 2007 година, а на првиот конкурс за таа намена спроведен во 2008 година првата награда помеѓу десет пристигнати трудови ја доби замислата на авторите: Јован Ивановски, Владимир Десков, Дејан Ивановски, Елена Пазарџиевска и Ана Ивановска. Проектот беше во мирување се до почетокот на годинава, кога беше обелоденета информацијата дека покрај доградба ќе се оди и на менување на стилот на фасадата на објектот и дека ќе се бара ново идејно решение за изгледот на ГТЦ.