Претходна статија
Повторно се бара приватен партнер за ТИРЗ Тетово
Следна статија
Во Илинден ќе се гради здравствен дом

Планот за нова зграда на Театар Центар мрдна од мртва точка?

Објавено на 13.12.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

После неколкугодишен застој на плановите за изградба на нов објект на МНТ – Театар Центар [»мапа], Министерството за култура сега бара проектанти за изработка на Основен проект за сите фази, согласно Проектната програма која ја има подготвено оваа институција. Понудите можат да се достават најдоцна до 28.01.2013, кога ќе биде и нивното јавно отворање, а после изборот на најповолниот понудувач ќе следи рок од шест месеци за изработка на потребната проектна документација.

 

Иницијативата за рушење на стариот монтажен објект изграден во далечната 1965 година и негова замена со современо повеќенаменско здание на истата локација, на јавноста и беше претставена во 2008 година, заедно со иста таква иницијатива за Драмскиот театар во Карпош. Според тогашните најави, обата објекти воедно требаше да обезбедат и големи површини наменети за комерцијални и деловни содржини.

 

#На конкурсот за идејно решение во 2009 година, првата награда ја добија архитектите Минас Бакалчев и Митко Хаџи – Пуља, со соработниците Никола Стрезовски, Саша Тасиќ, Бетим Зекири и Бесијан Мехмети. Според Комисијата која го спроведе изборот, победничкиот труд се издвојува со инвентивното решение, транспарентноста на обликување на просторот и пристапноста на објектот со атриумско решавање на влезната партија, умешно вклопена во целокупниот архитектонски израз, а посебен белег на трудот му дал и начинот на решавање на надворешното фасадно обликување. Предвидено е новото здание да има приземје и девет ката, односно вкупна висина од 35 метри.