Претходна статија
Доизградба на „Југобанка“ од есен
Следна статија
Почна реализацијата на комплексот на ФФМ

Ретро дизајнот на Јутонг пресуден во изборот на двокатни автобуси

Објавено на 02.03.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од Министерството за транспорт и врски информираат дека за најповолен понудувач по огласот за набавка на 202 новопроизведени двокатни автобуси (200 од затворен тип и 2 за панорамско разгледување) е избран кинескиот производител Јутонг (Zhengzhou Yutong Group Co.Ltd.). Понудата на Кинг Лонг иако поевтина за 4,5 милиони евра, комисијата за спроведување на јавната набавка ја оценила како неприфатлива затоа што не го задоволила критериумот, дизајнот на возилата да наликува на автобусите за градски сообраќај кои се движеле во Скопје во педесеттите години од минатиот век.


Ова е веќе петти тендер за набавка на двокатни автобуси. И двете фирми се пријавуваа и на претходните тендери кои од најразлични причини беа поништувани или неуспешни. Јутонг беше избрана за најповолен понудувач и во јуни минатата година, но второстепената комисија го поништи тендерот поради нерегуларности. Овој пат набавката на 200 затворени автобуси од Јутонг ќе чини 32 милиони евра, а на двата панорамски 283 илјади евра. Понудата на Кинг Лонг изнесуваше 27,5 милиони за затворените и 275 илјади за панорамските.