Претходна статија
Македонските аеродроми од денеска под концесија на ТАВ
Следна статија
Ретро дизајнот на Јутонг пресуден во изборот на двокатни автобуси

Доизградба на „Југобанка“ од есен

Објавено на 01.03.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Карабината „Југобанка“Министерот за финансии, Зоран Ставревски, изјави дека е во тек тендер за доизградба на објектот на бивша Југобанка во центарот на Скопје. Според министерот, тендерот треба да заврши на почетокот на април, а потоа ќе следи период на проектирање од четири до пет месеци. Почетокот на градежните активности Ставревски го најави за септември или октомври.


Во меѓувреме фамозната карабина продолжува да предизвикува проблеми. Завчера од ветар се урна дел од нејзината кровна конструкција и падна врз соседна зграда и на улицата. За среќа нема повредени, а причинета е материјална штета од околу четири илјади евра. Според станарите на оштетениот објект, ова е веќе трет таков случај. Министерот вети дека штетата ќе биде надоместена.




Форумска дискусија за овој проект –> овде