Претходна статија
Се множат инвестициските проекти во зоната „Ќојлија“
Следна статија
Во Илинден отворен нов продажен салон на 14.000 метри квадратни

Проработе втората соларна електрана во битолскиот регион

Објавено на 20.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во битолското село Егри денеска беше ставена во функција втората соларна електрана со инсталирана моќност од 993,6 kW. Реализираната инвестиција на компанијата „Торпедо Солар ГТ“ од Битола претставува еден од поголемите енергетски објекти за производство на електрична енергија преку искористување на сончевите зраци во Македонија и воедно е втората соларна електрана со моќност од околу 1 MW во битолскиот регион. Изведбените работи на проектот ги изврши „Соларпро холдинг“ од Бугарија, додека финансиските средства за негова реализација се обезбедени од страна на Капитал банка од Скопје. Произведената електрична енергија преку инверторски систем и трансформаторски постројки ќе биде предавана на дистрибутивниот систем во земјава.

 

Во Македонија во изминатиов период се реализираа неколку поголеми фотоволтаични електрани за искористување на сончевата енергија како обновлив извор. Соларната електрана на „Мега Солар“ од Скопје повеќе од една година успешно функционира во битолското село Гермијан, при што за овој енергетски објект со моќност од 1 MW беа вложени 3 милиони евра. Покрупен енергетски капацитет од овој тип е планирано да се гради и во скопското село Ајватовци. Единствена пречка за позначаен исчекор во изградбата на вакви објекти е Одлуката за вкупна инсталирана моќност на повластените производители на електрична енергија кои ги ползуваат обновливите извори на енергија, бидејќи пропишаните моќности се веќе надминати.  Според податоците на Регулаторната комисија за енергетика, исцрпени се понудените капацитети за купопродажба на електричната енергија по повластени тарифи од соларните електрани со моќност до 1 MW, чија вкупна инсталирана моќност е ограничена на 10 MW.