Претходна статија
ЈСП подготвува терен за изградба на ресторанот на Милениумскиот крст
Следна статија
ТЕМА: Скопје го губи чекорот во споредба со останатите балкански метрополи за ефикасен јавен превоз

Отворена новата фабрика на „Пекабеско“ во Кадино

Објавено на 17.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Новиот производствено – логистички центар на „Пекабеско“ во скопско Кадино [»мапа], во кој компанијата вложи 13 милиони евра, од денеска почна со работа. Од вкупната инвестиција, 9,5 милиони евра се обезбедени преку кредит од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и Македонската банка за поддршка на развојот, а останатите се сопствени средства на „Пекабеско“.

 

##

 

 

Производствениот погон е изграден по сите европски и ХАСАП стандарди и има капацитет за преработка на 35 тони на ден – конфекционирање на свежо месо, производство на паштети, складирање и расекување на свежо месо, пакување на смрзната риба, пакување на смрзнат зеленчук и овошје и магацини со 7.000 палетни места на сите режими на лагерување. Засега се најавуваат 50 нови вработувања, а се планираат уште дополнителни 150. Според градоначалникот на Илинден, Жика Стојановски, инвестицијата на „Пекабеско“ е една од поголемите во општината и таа значи многу за локалниот економски развој, намалување на невработеноста и ќе придонесе за подобрување на условите за живеење.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект