Претходна статија
Новиот ГУП на Град Скопје патува низ времето
Следна статија
Отворена новата фабрика на „Пекабеско“ во Кадино

ЈСП подготвува терен за изградба на ресторанот на Милениумскиот крст

Објавено на 16.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Милениумскиот крст ќе го добие долгонајавуваниот ресторан кој сеуште претставува нереализирано ветување поради недостиг на неопходната инфраструктура. После неколкугодишното одложување, Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ја доби улогата да инвестира во создавањето услови за отворање на угостителскиот објект. Распишан е оглас за избор на најповолен понудувач за архитектонски услуги за изградба, доградба и надградба на постоечкиот комерцијален простор во склоп на крстот. Проектната документација треба да обезбеди решение за хортикултурно уредување на целокупната околина околу крстот, да се изгради потребната водоводна мрежа и да се постават тоалети. Откако ќе се доведе вода до објектот на горно Водно, од ЈСП – Скопје планираат да распишат јавен повик за избор на инвеститор кој би вложил во отворање на ресторан на оваа туристичка локација. Понудите на заинтересираните компании треба да се достават најдоцна до 26 ноември, кога ќе се претстави и идниот лик на просторот околу Милениумскиот крст.

 

Препознатливиот објект на планината Водно е изграден во 2002 година како една од највисоките градби во Македонија. Иако се ветуваше дека целиот комплекс ќе биде готов уште пред неколку години, поради недостиг на финансиски средства се одложуваше неговото завршување. Во 2008 година беше пуштен во употреба лифтот за панорамско разгледување на Скопје, а во 2009 година беше застаклен ресторанот и дуќаните наменети за продажба на сувенири и разгледници. Најголем исчекор во популаризација на зданието беше направен со изградбата на жичарницата во должина од 1.750 метри со почетна точка од средно Водно и со 28 кабини за превоз на посетители и на велосипеди.

 

 

» Форумска дискусија за Милениумскиот крст