Општина Илинден ги отпочна градежните активности за уредување на просторот за четири нови тениски терени, кои се дел од проектот на Владата и Агенцијата за млади и спорт, со кој е предвидена изградба на вкупно 100 такви терени низ државата. Новите игралишта во Илинден ќе се градат веднаш до спортската сала „Гоце Делчев“. За нив е обезбедена и издадена потребната техничка документација. Согласно предвидените активности, Општината ќе изврши целосно подготвување и уредување на просторот за отпочнување и непречено извршување на градежните работни активности.
Проектот за 100 тениски игралишта ширум државата стартуваше со реализација на терен на 31-ви минатиот месец, со поставување на камен темелник за четири игралишта во Општина Аеродром.