Претходна статија
Струмица се разубавува
Следна статија
Се уредува просторот за четири тениски игралишта во Илинден

Нови спортски објекти во Карпош и Трубарево

Објавено на 22.02.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во скопската населба Карпош денеска беше поставен камен темелник за изградба на центар за спортско качување, дел од програмата на Владата и Агенцијата за млади и спорт. Централно место во комплексот ќе има вештачка карпа со вкупна површина од 305 метри квадратни, која ќе содржи повеќе делови за различно натпреварување во зависност од висината и тежината на нивно совладување. Со проектот е предвидена и изградба на помошна карпа со површина од 58 метри квадратни, придружен објект за загревање на спортистите и трибини за гледачите. Реализацијата ќе трае 12 до 18 месеци и ќе чини 30 милиони денари.


Во Трубарево пак, во Саботата беше поставен камен темелник за фискултурна сала во основното училиште „Крум Тошев“, како дел од проектот за изградба на 145 училишни спортски сали. Објектот ќе се гради на површина од 650 метри квадратни и ќе биде оспособен за организирање на повеќе видови на спорт. Предвидено е изградбата да трае пет месеци, а вкупната инвестиција ќе изнесува 350 илјади евра. Досега во рамки на проектот е започната изградба на спортски сали во Скопје, Тетово, Делчево, Дебар, Битола, Куманово, Пробиштип, Ресен, Василево, Кавадарци, Неготино, Валандово и Богданци. Според премиерот Никола Груевски, најголемиот дел од овие сали се очекува да бидат завршени до крајот на јуни, а во следниот период ќе се започне со изградба на нови 20 училишни сали ширум Македонија.