Претходна статија
Се бара изведувач за новата фасада на владината зграда
Следна статија
Народната банка нема да се сели на Плоштадот „Македонија“

Реконструирани 800 метри од улицата Козле

Објавено на 08.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Заврши реконструкцијата на втората делница од улицата Козле, во скопската општина Карпош. Во изминатите пет месеци коловозот на оваа значајна сообраќајница беше целосно обновен на потегот од крстосницата со улицата Јуриј Гагарин до крстосницата со улицата Нерешка, во должина од 850 метри, а исто така беше поставена и нова атмосферска канализација во должина од 275 метри. Обострано се изведени тротоари од бехатон плочки, со променлива ширина од 1 до 1,5 метри во зависност од условите на теренот.

 

За финансирање на овој инфраструктурен проект од градскиот буџет се издвоија 21,5 милиони денари, а градежните работи ги изведуваше компанијата „Пелагонија – Гостивар“. Минатата година беа реконструирани 450 метри од улицата, на потегот од последната станица на автобусот бр. 57 до крстосницата со улицата Јуриј Гагарин, за што беа одвоени 12 милиони денари. Тогаш беше најавено дека целиот проект во должина од 1.300 метри ќе чини 26 милиони денари, со рок за изведба од четири месеци.

 

##