Претходна статија
Опаднала бројката на предвидени станови во текот на септември
Следна статија
Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе гради нов студентски дом во Штип

Градежниците позитивно ја оценуваат економската состојба во третото тримесечје од годинава

Објавено на 05.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

За градежниот сектор во Македонија нема криза. Раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото како поповолна ја оценуваат економската состојба во третото тримесечје од 2012 година во споредба со периодот април – јуни, но и во однос на истиот период од минатата година. Позитивните реакции на градежниците се насочени и кон финансиската состојба на претпријатијата со кои тие управуваат. Најголема загриженост кај нив предизвикуваат зголемените трошоци за материјали (29,5%), додека како други ограничувачки фактори за подобрување на сегашната градежна активност се напоменуваат: конкуренцијата во сопствениот сектор со 16,5%, зголемените финансиски трошоци (камати) со 13,5% и немањето на побарувачка со 12,4%. Наспроти состојбата во претходните месеци од 2012 година, забележлива е зголемената критика на градежниците за постоечката состојба со задоцнетите плаќања на клиентите од приватниот, но и од јавниот сектор.

 

Раководителите на градежните компании заклучуваат дека во третото тримесечје на 2012 година е влошена состојбата со склучени договори за градежни активности на домашниот пазар во споредба со претходните квартали од 2012 година, но сепак подобрување е констатирано во однос на порачките за градежни работи на странските пазари. Очекувањата за бројот на вработените во наредниот период се понеповолни, а како загрижувачки показател е и очекувањето за намалување на продажните цени во овој сектор во следните три месеци. Сепак, деловните субјекти од областа на градежништвото имаат поповолно мислење во однос на очекувањата за вкупните порачки за извршување изведбени активности во наредните три месеци.