Претходна статија
Продадено земјиштето за нова автобуска станица во Прилеп
Следна статија
Зголемена добивката на „Гранит“ и „Бетон“ во првите девет месеци од годинава

Нов тендер за изградба на 100 спортски игралишта

Објавено на 01.11.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Владиното ветување за изградба на 100 повеќенаменски терени за спорт на целата територија на Македонија ќе започне да се реализа на почетокот од 2013 година. Агенцијата за млади и спорт денеска го распиша тендерот за избор на градежна компанија која ќе ги гради спортските игралишта низ општините во земјава. Тие ќе бидат опремени со современи спортски реквизити, заградени и осветлени за спортување во ноќните часови, при што на љубителите на спортот на располагање ќе им биде ставена опрема за фудбал, кошарка, ракомет и други спортови. Компанијата што ќе понуди најповолни услови ќе треба да ги изведе сите спортски терени во период 36 месеци од склучувањето на договорот. Јавното отворање на доставените понуди ќе се одржи на 18 декември 2012 година.

 

Крајната вредност на инвестицијата во спортските објекти ќе се знае по отворањето на понудите, но ако се земе во предвид претходниот договор со хрватската компанија „Конструктор“, тогаш таа би требало да изнесува околу 10 милиони евра. Агенцијата за млади и спорт пред повеќе од три месеци го раскина договорот со фирмата од Сплит поради непридржување до планот за изведување на градежните активности. Во програмата за работа на Владата е наведено дека повеќенаменските терени за спорт треба да се изградат најдоцна до 2014 година.