Претходна статија
Голем интерес, низок процент на реализација на малите хидроелектрани од инвеститорите
Следна статија
По втор пат започна изградбата на „Светиклиментовиот универзитет“

„Продис“ стартуваше со производство во „Бунарџик“

Објавено на 31.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

извор: Влада на Р.М.Рускиот фармацевтски гигант „Протек груп“ денеска во „Бунарџик“ свечено ја пушти во функција фабриката „Продис“ во која ќе се произведуваат хомеопатски лекови, витамини и минерали, чаеви, органски и неоргански производи од житарици и суво овошје. Новиот објект во слободната економска зона има површина од 5.000 метри квадратни и вработува 45 лица, додека во понатамошниот период бројката на вработени е предвидено да се зголеми на 80. Во фабриката се инвестирани 3,8 милиони евра, а дополнителни 400 илјади евра треба да бидат вложени до крајот на 2012 година. На Русите за реализацијата на проектот им беа доделени под закуп 2,5 хектари државно земјиште.

 

Покрај досегашните активности, „Продис“ планира да го прошири фабричкиот капацитет на уште 4.000 метри квадратни, со што целосно ќе се заокружи индустриското производство од суровина до финален продукт кај хомеопатските лекови. Бројот на вработени е предвидено да порасне на 160 лица. Покрај долгогодишниот закуп на земјиштето под исклучително поволни услови, на руската компанија и беше доделена државна помош како поттик за остварувањето на странската директна инвестиција. Изградбата на индустрискиот објект започна во август 2011 година, а изведбените активности на објектот доцнеа повеќе од три месеци. „Протек груп“ е еден од најголемите руски фармацевтски холдинзи со годишен обрт на финансиски средства во висина од четири милијарди долари.