ГЕЦЕ им дава можност на сите свои сегашни и идни партнери во проектантската и градежната бранша да се запознаат со новите продукти на фирматата. Новостите ќе бидат претставени за време на традиционалната годишна обиколка на примерочниот камион на ГЕЦЕ.
На 5-ти и 6-ти ноември GEZE ShowTruck ќе го посети Скопје.
Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со новововедените иновации на пазарот, како и да се консултираат во врска со комплексните системи и решенија, опфаќајќи ги сите групи производи на компанијата, на адреса ул. Качанички пат б.б. 1000 Скопје, во просториите на Tempo MK.
Повторно ќе бидат одржани и серија семинари, на кои ќе бидат објеснети различни аспекти на системите за одведување на чад и топлина, согласно со важечките нормативи во земјата.
Накратко за продуктите кои ќе бидат претставени:
Системи за автоматски врати
Повторно во преден план се продуктите насочени кон непречен пристап до згради и простории. Кај системите за автоматски лизгачки врати ќе бидат претставени новите производи од серијата Slimdrive – модел блиндирани противпровални врати, како и уникатен модел со изолационо стакло без рамки и бројни додатоци, кои обезбедуваат современа мрежна комуникација.
Системи за одведување на чад и топлина
ГЕЦЕ повтроно ќе обрне сериозно внимание на вентилационите системи за одведување на чад и топлина (ВСОЧТ). Ќе бидат претставени новите ланчани механизми за прозорци, прикажани за прв пат на специјализираната изложба Fensterbau Frontale 2012 – GEZE ECchain, GEZE Slimchain и GEZE Powerchain. Оваа година ГЕЦЕ ќе ја претстави и централата со вградено помошно напојување за природно одведување на чад, наменета за инсталација во помали простори и за помали по обем решенија, како на пример скалишта. Таа е малку поголема од стандардно алармно копче за пожар, но ја содржи и таа функција. Производот целосно одговара на барањата за инсталирање во сертифициран ВСОЧТ, согласно Регулативата Iз-1971 и БДС EN 12101-2. Ќе бидат претставени и многу нови додатоци кои обезбедуваат безбедност во случај на несреќа, но и удобност при секојдневната вентилација, како и погонскиот механизам GEZE E 920, целосно интегриран во профилите на прозорците.
Безбедносна технологија
Оваа година ГЕЦЕ ќе го фокусира вниманието и врз технологијата за евакуационни коридори и излези, со интегриран системи за безбедност и контрола на пристап, координирани со системот за одвод на чад и топлина и можности за интеграција со BMS – системот за управување со згради. Во овој контекст ќе бидат претставени контролни уреди, прибор и контролната табла TZ 320 за управување со системите.
Системи за рачни лизгачки врати
Оваа година ГЕЦЕ ќе им покаже на своите гости и Levolan 60 – компактен, исклучително гладок и речиси невидлив погон за целосно стаклени концепти, погоден за домовите и за канцелариите. Стаклото е директно поврзано во фитингот – елементите за закачување се толку незабележливи што се губи смислата за дополнително опшивање. Levolan така се вклопува во секој дизајн.