Претходна статија
Струмица ја очекуваат нови инвестиции во станбениот сектор
Следна статија
Покрај на прошетка, во иднина ќе скијаме на Водно

Отворена фабриката на „Кемет електроникс“ во Бунарџик

Објавено на 18.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во „Технолошко индустриската зона Скопје 1“ кај Бунарџик стартуваше производството во новата фабрика на американската компанија „Кемет електроникс“, инвестиција вредна 20 милиони долари. Објектот се простира на површина од околу 11 илјади метри квадратни од кои 9 илјади метри квадратни се производствен простор. Изведувач на градежните работи кои започнаа во јуни минатата година беше компанијата „Пера Констракшн“.

 

Кемет Електроникс - БунарџикФабриката ќе произведува електронски компоненти за авионската, воената, автомобилската и други индустрии. Во моментов се ангажирани 100 работници, до март 2013 бројката на вработени треба да достигне 150, до крајот на 2013 треба да нарасне на 250, а со заокружувањето на инвестицијата со дополнителни 10-15 милиони долари, што треба да се реализира во наредните неколку години, предвидено е да бидат вработени вкупно 500 лица. „Кемет Електроникс“ има 23 фабрики во Европа, Северна Америка и Азија со 10.420 вработени. Воглавно произведува базични електронски компоненти за автомобилската, авионската, телекомуникациската и воената индустрија.