Претходна статија
Почна изградбата на првата станбена зграда во Општина Илинден
Следна статија
Пуштен во употреба објектот „Под Водно“ на Адора

Општина Карпош за осум месеци ќе се пресели во нов современ објект

Објавено на 10.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Почеток на градежни активности - Нова општинска зграда на КарпошНа местото на старите општински бараки на Карпош, денеска официјално беше означен почетокот на изградбата на новата административна зграда на Општината [»мапа]. Изведувач на градежните активности е компанијата „АК – Инвест“ од Тетово која со работите треба да заврши во рок од осум месеци. Целиот проект ќе чини помалку од три милиони евра. Идејното решение е дело на архитектонските студија „СКАрС“ и „Архитектри“, кои победија на конкурсот што беше распишан пред две и пол години. Новата општинска зграда ќе има пет надземни нивоа (приземје, три ката и поткровје) и ќе обезбеди работен простор за 200 лица на површина од 4.500 метри квадратни, а предвидено е да содржи и паркинг простор од околу 1.000 метри квадратни. Функционално објектот е организиран преку посебни сектори распоредени по катовите според програмските барања, додека приземјето е проектирано за прием на странки и за архива.

 

Со реализацијата на овој проект, 36 години старите бараки на Општината ќе бидат заменети со најсовремен објект со висок степен на енергетска ефикасност. Според општинарите од Карпош, фасадните ѕидови во приземјето ќе имаат контактна фасада со д=10cm од експандиран полистирен. Стаклениот дел од фасадата ќе биде од термопан кас стакла со исполна од аргон, а опсежна термо изолација ќе биде имплементирана и во подовите, ѕидовите и таваните. Предвидено е вградување на два лифта на хидрауличен погон.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Конкурсното решение на „СКАрС“ и „Архитектри“Конкурсното решение на „СКАрС“ и „Архитектри“Конкурсното решение на „СКАрС“ и „Архитектри“

Конкурсното решение на „СКАрС“ и „Архитектри“Конкурсното решение на „СКАрС“ и „Архитектри“Конкурсното решение на „СКАрС“ и „Архитектри“