Претходна статија
ЈСП со нов обид за обнова на автобуските стојалишта
Следна статија
МЕПСО ќе инвестира 26 милиони евра во два нови далноводи

И Штип сака аква парк

Објавено на 10.10.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

По завршениот аква парк во Пробиштип, и двата најавени во Скопје (еден во рамките на СЦ „Борис Трајковски“ и друг покрај кејот на Вардар во населбата Јане Сандански), најновото ветување за реализација на ваков проект пристигнува од локалната самоуправа на Штип. Рекреативниот комплекс ќе се гради на површина од 18.000 метри квадратни во близина на градскиот базен, а за поставување на времени објекти за сместување или за угостителски дејности се предвидени 2.965 метри квадратни.

 

Локацијата е компатибилна со проектот за изградба на мини акумулации на реката Брегалница, чија реализација треба да започне во текот на идната година. Нацрт – урбанистичкиот план за оваа локација е веќе изгласан од страна општинскиот совет, а во моментов тој се наоѓа на ревизија и е пред одобрување од страна на Министерството за транспорт и врски. По добивањето на согласност од надлежното министерство, Општина Штип ќе распише јавен повик за продажба на земјиштето на кое идниот инвеститор ќе треба да го изгради аква паркот.