Претходна статија
Откупен центар во Струмица и агроберза во Кочани
Следна статија
Пуштена во употреба стратешка трафостаница на МЕПСО

Жичарницата на Водно поблиску до реализација

Објавено на 14.02.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски објави оглас за вршење на надзор над изградбата на жичарницата на сегментот Средно Водно – Милениумски Крст, кој претставува прва фаза на проектот за жичарница на Водно. Понудите треба да се достават најдоцна до 02.03.2010, а почетокот на изградбата од претходната најава за овој месец е одложен за март.


Жичарницата ќе ја реализира австриската компанија Допелмаер (Doppelmayr) која беше прогласена за најдобар понудувач во јули минатата година. Допелмаер во 2007 го изгради и шестоседот на Кожуф. За Водно е планирана еднојажна кабинска жичарница со кружен тек. Кабините ќе собираат по 8 патници, додека вкупниот капацитет на системот ќе биде 1.200 патници на час. Како почетна точка се најавува црквата Св. Јован Крстител во Капиштец, а крајната е Милениумскиот Крст, со висинска разлика од 814 метри и должина на трасата од 3,5 километри. Сегментите на жичарницата ќе претставуваат функционална и техничка целина, но ќе можат да функционираат и како посебни објекти. Првиот сегмент се најавува да биде готов за 5 до 6 месеци, а целиот проект за 15 месеци. Вкупната инвестиција изнесува околу 6,6 милиони евра. Постои и идеја во иднина да се изгради жичарница и до Матка.




Форумска дискусија за овој проект –> овде