Претходна статија
Се бара идејно решение за катна гаража со „стара“ архитектура
Следна статија
Жичарницата на Водно поблиску до реализација

Откупен центар во Струмица и агроберза во Кочани

Објавено на 13.02.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Хрватскиот гигант Агрокор во Струмица ќе гради откупно-дистрибутивен  центар со пропратни содржини. Фирмата ќерка „Агрофруктус“ ДОО – Валандово е избрана за најповолен понудувач на наддавањето за 99-годишен закуп на земјиштето со површина од  52.815 метри квадратни. Со договорот закупецот се обврзува дека  предвидениот објект  со деталниот урбанистички план „Дел од УЕ 6 Урбан Блок 9 Струмица“ ќе го изгради  во  рок  од 3 години. Агрокор од поодамна најавува инвестиции во Македонија.


Во Кочани пак, се подготвува изградба на агроберза. Тамошната локална самоуправа и холандската компанија „Go 4 Agri“ неодамна потпишаа договор за нејзина реализација, како и за откуп и за пласман на раноградинарски производи и за користење на геотермални води. Во тек е подготовка на урбанистичка документација  за просторот од околу 210.000 метри квадратни на кој треба да никне агроберзата со пропратните објекти.