Во просториите на Град Скопје во градскиот парк, утре со почеток во 10 часот ќе се одржи презентација и стручна расправа по Нацрт генералниот урбанистички план на Скопје. Асоцијацијата на архитекти на Македонија ги повикува на учество архитектите, урбанистите, дизајнерите и сите кои се сметаат стручни, да ја искористат оваа можност за да ги искажат своите ставови. Документацијата во врска со нацрт ГУП-от може да се подигне од официјалната веб страница на Градот, на овој линк.