Претходна статија
Избрани неокласицистички фасади за „Метропол“ и „Сити Галери“
Следна статија
Државно земјиште во вредност од 57 милиони евра е продадено во изминативе пет години

Ќе се гради нов хотел во строгиот центар на Скопје

Објавено на 27.09.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градилиштето на идниот Хотел „Ибис“ во центарот на СкопјеНа стотина метри од Плоштадот „Македонија“, зад познатата „Арапска куќа“, се подготвува теренот за изградба на хотел од ланецот „Ибис“ [»мапа]. Проектот е изработен од страна на „Гемма инженеринг“ од Скопје, градежните работи ќе ги изведува тетовската „НБ Компани“, а како инвеститор се јавува „Евро балкан хотелс“. Површината на парцелата изнесува 577 метри квадратни, од кои 416 се предвидени за градба. Според деталниот урбанистички план, зацртаниот објект може да биде висок најмногу 28,4 метри, односно приземје, седум ката и поткровје, додека максималната бруто развиена површина е 3.744 метри квадратни. „Македонија турист“, една од најголемите хотелско – угоститески компании во земјава, уште во 2007 најави дека ќе гради хотел на оваа локација, во кој тогаш планираше да вложи околу пет милиони евра.

 

Во светот функционираат околу 800 „Ибис“ хотели распространети низ 40-тина држави. Брендот „Ibis Hotels“  е во сопственост на француската групација „Accor“ која минатата година имаше обрт од над 6 милијарди евра.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект