Претходна статија
Скопје домаќин на вториот Меѓународен саем за транспорт и логистика
Следна статија
Избрани неокласицистички фасади за „Метропол“ и „Сити Галери“

Започна изградба на фабрика за заштитна облека во општина Илинден

Објавено на 26.09.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Холандската компанија „Ван Пајнброк Текстил“ (Van Puijenbroek Textiel – VPTEX) се одлучи да инвестира два милиони евра во изградба на нов производствен погон во индустриската зона во општина Илинден. Денеска беше поставен камен – темелникот на новиот индустриски објект од страна на македонскиот премиер Никола Груевски, вицепремиерот Зоран Ставрески, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, холандската амбасадорка во Македонија Мариет Шурман и директорот на холандската компанија Хјуб Зехвелд. Фабриката ќе се простира на површина од 2.500 метри квадратни и во неа ќе се изработува заштитна работна опрема. Планирано е во идниот производствен капацитет да се вработат 180 лица. Рокот на завршување на градежните работи е од седум до осум месеци, така што свеченото отворање на фабриката е планирано за почетокот на наредното лето.

 

Холандската текстилна компанија е основана во далечната 1865 година, присутна е на македонскиот пазар уште од 1963 година, а во моментов во земјава поседува три производствени погони. Ова е втора холандска гринфилд инвестиција во земјава во текот на 2012 година. Земајќи ја во предвид добрата географска поставеност, Општина Илинден останува примамлива локација за вложување на домашните и странските компании во изградба на индустриски објекти, при што холандската фирма претставува 110 – ти инвеститор на нејзината територија.