Архитектот Мирослав Грчев најавува поднесување на иницијатива до Уставниот суд со цел преиспитување на законитоста на проектот „Скопје 2014“. Според Грчев спорна е процедурата со која се направени последните измени во деталниот урбанистички план „Мал Ринг“ кој претставува урбанистичко-легалистичка основа за реализација на „Скопје 2014“. Имено постапката за изработка и донесување на планот почна со носењето на програмата на Владата за приоритетна изработка на урбанистички планови во ноември 2009 година. Водејќи се од таа програма, Општина Центар го истурка ДУП-от по скратена процедура за изработка и прескокнувајќи ја фазата на нацрт-план. Актуелниот ДУП „Мал Ринг“ беше изложен на јавна анкета во периодот на новогодишните и божиќните празници, а беше усвоен на 29.01.2010. Од друга страна Грчев тврди дека приоритетната програма на Владата и скратената постапка за донесување на урбанистички планови биле избришани од законот за просторно и урбанистичко планирање во јули 2009 година.
Форумска дискусија за ДУП „Мал Ринг“ –> овде