Претходна статија
Паркирањето кај спортската арена „Филип II Македонски“ ќе се решава со подземни и катни гаражи
Следна статија
Во 2011 биле изградени 5.254 станови, нивната цена паднала за 3,8%

По осум месеци новите минибуси за ЈСП конечно пуштени во употреба

Објавено на 21.09.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Иако пристигнати пред повеќе од осум месеци, новите 16 минибуси за одржување на приградскиот превоз во Скопје денеска свечено беа пуштени во употреба од страна на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. ЈСП – Скопје ќе ги користи овие превозни средства за линиите кои сообраќаат кон селата Матка, Кучково, Никиштани, Орман, Црешово, Усје, Радишани, Љубин, Горно Оризари и други населени места, додека во текот на викендите и за време на државните празници ќе се вклучуваат и на некои од градските линии.

 

Промоција на минибусите (извор: Град Скопје)Промоција на минибусите (извор: Град Скопје)

 

 

Минибусите од моделот ZK6770HG се изработени од кинескиот производител „Јутонг“. Во нив се вградени англиски „Cummins“ мотори со емисија на издувни гасови во согласност со стандардот ЕУРО 4, а подвозето е од германскиот производител „ZF“. Должината на возилата  изнесува 7,7 метри, додека широчината е 2,3 метри. Можат да постигнат максимална брзина од 85 километри на час и имаат капацитет за 36 патници (21 седиште и 15 места за стоење). Со издвоените финансиски средства од државниот буџет, возниот парк на ЈСП – Скопје досега се поднови со 167 двокатни автобуси од кинески „Јутонг“ и 80 еднокатни автобуси  и украински „ЛАЗ“. Министерот Јанакиески најави дека најдоцна до март 2013 година треба да пристигне последната тура од 65 двокатни автобуси.