Претходна статија
БЛИЦ ВЕСТ: Почна раскопување на плоштадот
Следна статија
„Скопје 2014“ оди на Уставен суд

Наскоро тендер за фасадите околу плоштадот

Објавено на 09.02.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Градските власти на престолнината соопштуваат дека ќе се вклучат во проектот „Скопје 2014“. Тие најавуваат дека во наредниот период ќе распишат јавен повик за идејно решение за изгледот на фасадите околу плоштадот, а потоа и за изведувач на работите. Ако законската процедура тече според предвидениот рок, обновувањето на фасадите на првите објекти би требало да почне кон крајот на оваа или почетокот на 2011 година.


Во оформувањето на изгледот на централното подрачје, Градот Скопје ќе се вклучи и со обнова на оградите на три моста на реката Вардар. За оградата на Мостот на Револуцијата и за мостот кај хотелот „Холидеј ин“ веќе се избрани идејните решенија, а за оградата на мостот „Гоце Делчев“ јавниот повик за идејно решение ќе се повтори.