Претходна статија
Хаос со зонското паркирање на територијата на Општина Центар
Следна статија
Ставен во функција уште еден кружен тек во Ѓорче Петров

АДСДП инвестира во нова катна гаража спроти Стариот театар

Објавено на 12.09.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локацијата на која ќе се гради новата катна гаражаИталијанската компанија „Lamone Moreda“ ќе ја гради новата катна гаража на локацијата спроти зградата на Стариот театар во строгиот центар на Скопје [»мапа]. Во согласност со ДУП „Мал Ринг“, гаражата ќе има максимална висина од 21 метар и ќе биде подигната на градежна парцела со големина од 1.343 метри квадратни, на местото на некогашната меѓуградска автобуска станица. Предвидено е објектот да биде во модерен архитектонски стил со стаклена фасада. Проектот треба да ја задоволи потребата од паркинг за зданијата на Музејот „Македонска борба“, Меморијалниот центар на холокаустот и идното седиште на Македонскиот народен театар.

 

Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката (АДСДП) во катната гаража ќе инвестира 246.760.573 денари или нешто над 4 милиони евра. Инфраструктурниот објект е планирано да се комплетира во времетраење од две години, односно најдоцна до септември 2014 година. На објавениот тендер на кој победија италијанците се пријавиле пет домашни и странски градежни компании.