Претходна статија
Стартуваше изградбата на автопат од Демир Капија до Смоквица
Следна статија
Обновена улицата Самоилова

Министерството за земјоделство од денес со нов објект

Објавено на 08.09.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Денеска беше пуштена во употреба новата зграда на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на локацијата каде и претходно се наоѓаше седиштето на оваа институција [»мапа]. Според министерот Љупчо Димовски објектот има корисна површина од околу 9 илјади метри квадратни и во неговата изградба се вложени 4,3 милиони евра. Димовски нагласи дека изведбената цена за метар квадратен изнесува 481 евро, што покажува исклучителна рационалност и економичност во трошењето. Изградбата на новата зграда е реализирана во рамки на Проектот за зајакнување на земјоделството и пристап кон ЕУ, со финансиска поддршка на Светската банка. Камен темелник беше поставен во јуни 2010 година.

Во објектот ќе се сместат вкупно 467 административци, од кои 366 вработени во Министерството и 101 од Агенцијата за храна и ветеринарство. Министерството со години имаше просторни проблеми и функционираше на пет различни локации. Со преселувањето на сите сектори и органи на единствена локација, се очекува да се зајакне административниот и управувачкиот капацитет на институцијата и да се обезбедат услови за поефикасно и поквалитетно функционирање.

» Форумска дискусија за овој проект

Министерство за земјоделство шумарство и водостопанствоМинистерство за земјоделство шумарство и водостопанствоМинистерство за земјоделство шумарство и водостопанство