Претходна статија
Расте обемот на предвидените станбени површини, но и на трошоците за нивна изградба
Следна статија
Скопски „Бетон“ ќе гради подземна гаража на две нивоа кај Македонската опера и балет

„Макоил“ го изгуби земјиштето, се бара нов инвеститор за подземниот паркинг кај македонското собрание

Објавено на 07.09.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Компанијата „Макоил“ нема да го гради подземниот паркинг зад републичкото Собрание, бидејќи го изгуби правото на долготраен закуп на земјиштето што и беше доделено за период од 20 години. Министерството за транспорт и врски денеска објави оглас за отуѓување на градежно земјиште за изградба на комунална инфраструктура – паркинг простор со подземни нивоа, на локацијата на постоечкото зеленило и простор за автомобили помеѓу зградата на Собранието, Министерството за надворешни работи и Домот на АРМ. Подземниот објект на три нивоа е планирано да обезбеди 225 паркинг места, а големината на парцелата на која тој ќе се гради изнесува 2.342 метри квадратни. Во согласност со ДУП „Мал Ринг“, идното јавно паркиралиште ќе ја користи сегашната пристапна улица која излегува на булеварот 11-ти Октомври.

 

Извадок од ДУП Мал РингПочетната цена за земјиштето кое ќе се продава на електронско јавно наддавање изнесува 5.600 денари за метар квадратен. Заинтересираните субјекти ќе треба да достават депозит за учество на лицитацијата во износ од 1.350.000 денари. Наддавањето за оваа атрактивна парцела во строгиот центар на Скопје ќе се одржи на 15 октомври. Инвеститорот кој ќе понуди највисока цена за локацијата ќе треба да обезбеди одобрение за градење во рок од 9 месеци по склучувањето на договорот за отуѓување. Подземниот паркинг – простор треба да се заврши најдоцна за 6 години од денот на добивање на градежната дозвола. „Макоил“ го доби земјиштето на електронско јавно наддавање во ноември 2009 година, по цена од 680 денари за метар квадратен. Целокупниот процес за реализација на проектот требаше да се комплетира во рок од две и пол години, но на барање на инвеститорот е поведена постапка за раскинување на договорот и по добиено мислење од Државното правобранителство истиот е спогодбено раскинат.