Претходна статија
Се бара изведувач за административниот објект спроти хотелот „Бристол“
Следна статија
Леарницата „Гвастини“ ќе испорача нови споменици од проектот Скопје 2014

ЕБРД во потрага по консултант за проектна и тендерска документација за пругата од Бељаковце до Крива Паланка

Објавено на 07.08.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) објави тендер за избор на меѓународна консултанска компанија која би им помогнала на „МЖ – Инфраструктура“ во изработката на детален проект за железничката делница од Бељаковце до Крива Паланка и во подготовката на тендерската документација со која би се избрал најповолен понудувач за изградба на овој сегмент од железничкиот Коридор 8. Покрај во изработката на овие документи, консултантската куќа треба да го подржи јавното претпријатие во целокупниот процес за донесување одлука која градежна компанија ќе ги изведува активностите на терен. Планирано е обезбедувањето на овие услуги да започне во февруари 2013 година и истото да трае во временски период од 24 месеци, при што за оваа намена веќе се обезбедени финансиски средства во висина од 2,7 милиони евра. Крајниот рок за доставување на понудите од заинтересираните субјекти е 7 септември.

 

Недовршени тунели на пругата кон Бугарија (извор: Физибилити студија за Коридорот 8 – Источна делница)ЕБРД сеуште размислува за подршка на земјава во изградбата на пругата кон Бугарија. Од банката појаснуваат дека станува збор за финансиски средства во износ од 50,5 милиони евра за реконструкција на веќе изградената инфраструктура и за целосно довршување на делницата од Бељаковце до Крива Паланка. Сегментот во должина од 33 километри е предвидено да се реализира преку кофинансирање со Европската инвестициска банка (ЕИБ). Консултантот ќе треба да проектира 12 нови мостови, 4 нови тунели, 33 километри отворена пруга и 7,5 километри станичен колосек, но и да ја провери моменталната состојба, да ги модернизира и надгради конструкциите за 25 мостови и 10 тунели кои се веќе делумно изградени. Во последната изјава за медиумите, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески напомена дека изградбата на вториот дел од Бељаковце до Крива Паланка треба да започне најдоцна до 2015 година, при што во проектот би се вложиле 145 милиони евра.

 

 

» Форумска дискусија за железничкиот Коридор 8