Претходна статија
„Адора Инженеринг“ го заврши станбениот комплекс „Билјанини Извори“ во Охрид
Следна статија
Се бара изведувач за административниот објект спроти хотелот „Бристол“

Градежните раководители со позитивни оценки за работењето во второто тримесечје од 2012 година

Објавено на 03.08.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Економската состојба во градежниот сектор е подобрена, а поповолна е и финансиската кондиција на компаниите во споредба со првото тримесечје од 2012 година и со периодот април – јуни 2011 одина. Раководителите на деловните субјекти од областа на градежништвото со позитивни критики ги оценуваат тенденциите во овој сектор во второто тримесечје од 2012 година. Сепак, тие во континуитет напоменуваат дека најголемо влијание на ограничувањето за подобрување на сегашната градежна активност имаат зголемените трошоци за материјали (26,8%), зголемените финансиски трошоци – камати (23,3%), недостигот на опрема (17,3%) и недостигот на материјали (9,5%). За забележување е дека менаџерите од овој сектор значително помалку се жалат на намалената побарувачка во споредба со изминатите години, а според нив подобрена е и состојбата со обезбедувањето на банкарски кредити и со тековните трошоци за работниците.

 

Според соопштението на Државниот завод за статистика, има подобрување на полето на задоцнетите плаќања од клиентите во јавниот и во приватниот сектор. Актуелната задоволителна тенденција во градежништвото, на раководителите им дава повод позитивно да размислуваат и за претстојниот временски период. Тие се поголеми оптимисти во споредба со претходните месеци и имаат поповолни очекувања во однос на зголемувањето на продажните цени, вкупните порачки за работа и бројот на вработените во наредните 3 месеци од 2012 година.