Претходна статија
Продолжува проширувањето на булеварот Илинден, ќе се проширува и улицата Манапо
Следна статија
„Бошков мост“ и „Луково Поле“ повторно во фокусот на европските еколози

Во септември оглас за доделување на локациите за билборди

Објавено на 27.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#По одолговлекување од неколку месеци, градските власти денеска информираа дека јавниот оглас за доделување локации за поставување рекламни паноа на подрачјето на Град Скопје ќе биде објавен во текот на септември. Во кусото соопштение нема никакви податоци за бројот на идните концесионери што ќе стопанисуваат со билбордите во Скопје, но и на нивниот број што ќе биде поставен на целата територијата на градското подрачје. „Начинот и условите за учество и добивање на одреден пакет на локации ќе биде детално прикажан во јавниот оглас кој ќе биде дополнително објавен“, се нагласува во нивното соопштение.

 

Според првичната студија за регулирање на проблемот со огласување на јавните површини, од почетокот на април годинава четири компании требаше да се натпреваруваат во делбата на приходите од овој профитабилен бизнис. Бројот на рекламните паноа беше планирано да се зголеми на територијата на Скопје, но не и во централното градско подрачје. Од Градот Скопје пред 7 месеци ветуваа дека новите концесионери ќе имаат обврска да постават ЛЦД билборди во центарот на градот. Од тогаш до денес, градските власти не објавија дополнителни информации поврзани со давањето под концесија на локации за поставување билборди.

 

 

» Форумска дискусија на оваа тема