Претходна статија
Почеток на проектот 100 тениски игралишта
Следна статија
Стартуваа градежните работи за идното МНР

Најавени 8 катни гаражи во центарот на Скопје

Објавено на 01.02.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

За наредната година е најавена изградба на осум катни гаражи во центарот на главниот град, кои треба да ги изградат и со нив да стопанисуваат „државни“ субјекти. Сите локации се на државно земјиште, а инвестицијата се проценува на 25 до 30 милиони евра. Проектите ќе се изработуваат во текот на годинава. Капацитетот на сите осум објекти ќе биде околу 4.000 места за паркирање.


Четири локации ќе му припаднат на Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор, а по две на Град Скопје и Општина Центар, односно нивните јавни претпријатија за паркинг. Јавното претпријатие за стопанисување со станбен и деловен простор ќе гради кај ССМ (околу 500 места за паркирање), кај Музејот на Холокаустот (околу 200 места за паркирање) и двете маркички за катни гаражи кај МЕПСО (по околу 300 места за паркирање). Општина Центар ќе ги добие локациите до новото седиште на ИК Банка и Архивот на РМ (по околу 400 места за паркирање). Град Скопје треба да ја реализира катната гаража кај „Беко“ (минимум 833 места за паркирање) и кај „Автомакедонија“ (околу 1000 места за паркирање).