Претходна статија
Ставен потпис за украинските автобуси
Следна статија
Почеток на проектот 100 тениски игралишта

Усвоен новиот „Мал Ринг“

Објавено на 30.01.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

ДУП Мал РингНа вчерашната седница, советниците на Општина Центар ги изгласаа најновите измени во деталниот урбанистички план „Мал Ринг“. За усвојување гласаа советниците на ВМРО-ДПМНЕ, НСДП и ЛДП, додека пак СДСМ ја напушти седницата во знак на протест. ДУП „Мал Ринг“ се менуваше повеќепати во последниве две години, а од последната интервенција поминаа нецели пет месеци. Покрај неколку помали измени, во усвоениот план се зацртани и две нови „маркички“ на кејот од левата страна на Вардар. Едната предвидува уште еден објект пред Комерцијална Банка на површина од 387 метри квадратни и височина до 29 метри, со намена за државни институции. Другата е на платото пред МОБ со намена за култура. Опфаќа 156 метри квадратни и дозволува височина до 8 метри, а се шпекулира дека таму се планира „колонада“ од столбови. Во јавноста проструија и тврдења дека „маркичката“ за црква на Плоштад Македонија е избришана, но тие се покажаа како неточни. Планот го изработи „ИНПУМА“.




Форумска дискусија на оваа тема –> овде