Претходна статија
Облакодерите во Аеродром ќе бидат завршени за три години
Следна статија
Започна изградбата на новата општинска зграда во Крива Паланка

Дрекслмајер ќе гради фабрика во Кавадарци

Објавено на 16.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Потпишување на договоротГерманската компанија „Лиза Дрекслмајер“ (Lisa Dräxlmaier GmbH) во Кавадарци ќе гради фабрика за производство на кабелски инсталации наменети за автомобилската индустрија. Договорот за оваа гринфилд инвестиција во висина од над 35 милиони евра беше потпишан денес помеѓу претставници на компанијата и на македонската Влада. Локален партнер на „Дрекслмајер“ од Македонија ќе ја изгради фабриката со површина од 52.000 метри квадратни, која потоа ќе биде дадена на користење на германскиот производител преку долгорочен лизинг. Производството треба да стартува во првиот квартал од 2013 година, а во текот на првите пет години планирано е да се создадат 4.000 работни места.

 

Групацијата „Дрекслмајер“ произведува воглавно автомобилска електроника и ентериерни компоненти за возила од марките „Мерцедес“, „БМВ“, „Фолксваген“, „Ауди“, „Порше“, „Бугати“, „Јагуар“ и „Кадилак“. Основана е во 1958 година, а во 2010 година имала над 36.000 вработени и остварила обрт од над 1,7 милјарди евра. Во нашето пошироко опкружување веќе има една фабрика во Србија, две во Унгарија и пет во Романија.