Претходна статија
Дрекслмајер ќе гради фабрика во Кавадарци
Следна статија
На администрацијата и требаат девет месеци за да одлучи за судбината на „Чебрен“ и „Галиште“

Започна изградбата на новата општинска зграда во Крива Паланка

Објавено на 16.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Камен – темелникот на новиот административно – деловен објект во кој ќе се смести локалната самоуправа денеска беше поставен во Крива Паланка. По пат на јавно – приватно партнерство, ќе се подигне објект со површина од околу 1.000 метри квадратни со сутерен, приземје и два ката, при што на општината ќе и припаднат 475 метри квадратни. Целокупната инвестиција е во вредност од околу 550.000 евра, при што на приватната фирма „Мијоли“ од Скопје ќе и припаднат 520 метри квадратни. Локалните власти од градот го обезбедија проектот и градежното земјиште, а избраната компанија ја ослободија од плаќањето комуналии за објектот. Административно – деловната зграда во центарот на Крива Паланка треба да биде завршена најдоцна за 3 години од почетокот на градежните работи, но двете партнерски страни се надеваат дека истата ќе биде готова до крајот на 2013 година.

 

 

» Форумска дискусија за овој проект