Претходна статија
Започна изградбата на новата општинска зграда во Крива Паланка
Следна статија
Ќе се изработува основен проект за класицистичка фасада на зградата на МЕПСО

На администрацијата и требаат девет месеци за да одлучи за судбината на „Чебрен“ и „Галиште“

Објавено на 16.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Наместо да се заокружи тендерската постапка и да започнат градежните активности на терен, Министерството за економија денеска информираше дека рокот за евалуација на понудите на компаниите што доставија документација на тендерот за изградба на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“ ќе се продолжи за дополнителни 60 дена. Потегот за одолговлекување на финалната одлука на Комисијата при Министерството за економија го донела владата, а во објаснувањето од надлежното министерство се нагласува дека треба „да се усогласат и прецизираат битни елементи за проектот Чебрен и Галиште“. Ваквото нејасно образложение не ја открива причината за рекордното продолжување на рокот за донесување на одлуката од цели 9 месеци.

 

„Доколку инвеститорот во дополнителниот рок не се изјасни или се изјасни негативно, Министерството за економија и Владата нема да се откажат од проектот. Во евентуално таков расплет, сите опции остануваат отворени, вклучувајќи ја и опцијата државата, односно Владата, самостојно да го реализира проектот“, се наведува во соопштението на Министерството за економија. Комисијата требаше до крајот на минатата година да подготви извештај во однос на доставените понуди од кинескиот конзорциум CWE (China Water Electric) и грчката PPC (Public Power Corporation S.A.), а потоа владата да донесе одлука во однос на овој проект. Кинезите понудија 40,5% од акциите на идните хидроелектрани „Чебрен“ и „Галиште“, додека грците се согласни 28% од сопственоста на овие енергетски објекти да ја препишат на Електрани на Македонија (ЕЛЕМ). Уделот што и се нуди на државната компанија е клучен критериум за избор на најповолен понудувач.