Претходна статија
Огромно земјиште за изградба на индустриски објекти се нуди во Свети Николе
Следна статија
Скопје ќе се подели на 11 зони и 143 градски четврти со новиот ГУП

Објект ќе никне помеѓу МОБ и новата зграда на МНР, фасадата му ја крои Министерството за транспорт и врски

Објавено на 13.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

#Министерството за транспорт и врски распиша конкурс за изработка на идејно решение за фасадно обликување на предвидениот објект помеѓу новата зграда на Министерството за надворешни работи која моментално се гради и зданието на Македонската опера и балет, за чие земјиште пред три години се јави спор за сопственост помеѓу државата и компанијата „Алпине“ [»мапа]. Објектот ќе биде наменет за комерцијални и деловни дејности и ќе има висина од 29 метри (приземје, седум ката и поткровје). На парцелата со површина од 4.313 метри квадратни, според барањата во конкусрот ќе се подигне градба „чие архитектонско обликување ќе се вклопи во амбиенталната целина со објектите во опкружувањето“. Од архитектите се бара во своите дела да вложат оригиналност, иновативност и изводливост во надворешниот изглед на планираниот објект.

 

Земјиштето во електронскиот катастар сеуште е впишано во владение на Република Македонија и за него допрва ќе треба да се организира оглас за продажба. Идниот инвеститор ќе може да гради на основа од 2.032 метри квадратни, при што максималната бруто развиена површина дозволена со ДУП-от изнесува 18.288 метри квадратни. Идејните решенија за фасадата на овој објект ќе треба да се достават до министерството најдоцна до 27 август. Во жири – комисијата што ќе одлучува за победничкиот труд и за доделување на наградите членуваат: Нина Ристоска, Љубиша Јовановски и Рада Филиповска. Првата награда за најдобар труд е во износ од 400.000 денари, втората награда изнесува 300.000 денари, третата награда е во вредност од 100.000 денари, а од министерството можат да откупат и најмногу четири идејни решение во висина од по 30.000 денари.