Претходна статија
Агенцијата за млади и спорт го раскина договорот со „Конструктор“ за спортските игралишта
Следна статија
Огромно земјиште за изградба на индустриски објекти се нуди во Свети Николе

Општина Битола ќе се обиде да гради затворен базен по пат на јавно – приватно партнерство

Објавено на 12.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа од Битола објави јавен повик за изјавување интерес од приватни инвеститори за изградба на покриен олимписки базен во градот, по пат на јавно – приватно партнерство. Публикуваното барање на општинарите е во согласност со програмските активности за 2012 година. Согласно објавените информации, базенот ќе биде со димензии од 25 метри во широчина и 53 метри во должина, а максималната длабочина ќе изнесува 2,05 метри. Локацијата на објектот ќе биде во непосредна близина на спортската сала „Младост“ кај градското шеталиште.

 

Од општина Битола информираат дека е обезбедена потребната документација, изгласан е урбанистички план и дека во оваа фаза интерес за изградба на базенот покажале две домашни фирми, а се очекуваат понуди и од странски компании. По заокружувањето на целата постапка, локалната самоуправа ќе го избере идниот партнер за реализација на проектот. Во изминатиов период од општината во неколку наврати истакнаа дека има недостиг на финансиски средства за самостојна изградба на објектот, кој претставува долгогодишно неостварено ветување.