Претходна статија
Бензинска пумпа, хотел и фабрика ќе се градат во близина на скопскиот аеродром
Следна статија
Великанот Богдан Богдановиќ го потсети Скопје на вистинските архитектонски вредности

Започна реконструкцијата на булеварот Јане Сандански

Објавено на 29.06.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Булевар Јане СанданскиГрадот Скопје денеска ја започна најавуваната реконструкција на булеварот Јане Сандански во општина Аеродром, на потегот од крстосницата со булеварот Србија до крстосницата кај ресторанот „Мекдоналдс“ близу трговскиот центар „Бисер“. Иако најавувана до улицата Васко Карангелески, локалната власт се одлучи овој сегмент од булеварот да го обнови во втората фаза од реализацијата на овој проект, за која веќе е распишан тендер. „Сообраќајницата на овој потег ќе се реконструира во должина од околу 700 метри, во двете насоки. Во текот на градежните работи на булеварот Јане Сандански ќе се изгребе постојниот оштетен асфалтен слој, а каде што има потреба ќе се засили подлогата. На површина од 21.200 метри квадратни ќе се нанесе нов асфалтен слој од Сплит Мастикс, кој дава дополнителен квалитет на асфалтот“, изјави градоначалникот на Скопје Коце Трајановски.

 

На одредени делови од булеварот ќе се санираат тротоарите и ќе се нивелираат 40 шахти и сливници, а оштетените рабници ќе се заменат со нови. Рокот за изведба е 60 работни дена. Градежните активности на терен ќе ги врши оперативата на претпријатието „Гранит“ од Скопје. Во претстојниот период се очекува избор на најповолен понудувач кој ќе ја изведува реконструкцијата на овој булевар до крстосницата кај „Мајчин дом“.