Претходна статија
Владата ќе одвои средства за изградба и реконструкција на училишта и на спортски сали
Следна статија
Започна реконструкцијата на булеварот Јане Сандански

Бензинска пумпа, хотел и фабрика ќе се градат во близина на скопскиот аеродром

Објавено на 29.06.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Од огласените девет, општина Петровец денеска успешно продаде три градежни парцели во мултифункционалната зона Ќојлија. Најголем интерес на електронското јавно наддавање предизвика земјиштето со површина од 4.885 метри квадратни, со намена за изградба на бензинска пумпа долж автопатот од Коридор 10, кое се продаде по цена од 1.250 денари за метар квадратен или вкупно 6.106.250 денари. Внимание од инвеститорите предизвика и парцелата покрај самиот автопат, наменета за изградба на хотелски комплекс со приземје и шест ката, при што сопственикот има право сегмент од објектот да одвои за мали комерцијални и деловни намени. Таа се отуѓи по цена 351 денари за метар квадратен, односно за 1.851.876 денари.

 

Мултифункционална зона „Ќојлија“На одржаната аукција се најде купувач и за земјиштето со големина од 9.050 метри квадратни за подигање на објект од областа на лесна и незагадувачка индустрија со компатибилна намена за мали комерцијални и деловни содржини. Инвеститорот ја купи оваа локација по цена од 132 денари за метар квадратен, односно на локалната власт ќе и исплати вкупно 1.194.600 денари. По потпишувањето на договорите со купувачите, во буџетот на општина Петровец ќе се слеат 9.152.726 денари. Лоцирана покрај автопатот од Коридорот 10 и во близина на аеродромот „Александар Велики“, мултифункционалната зона Ќојлија претставува една од најатрактивните места за инвестирање во скопскиот регион. Во неколку наврати, локалната самоуправа веќе продаде поголем број градежни парцели за изградба на објекти со разновидна намена.