Претходна статија
Гевгелија ќе добие репрезентативен градски плоштад во 2013 година
Следна статија
„Кромберг и Шуберт“ стартуваше со изградба во Жабени

Привршува изградбата на новиот мост кај Сарај

Објавено на 02.07.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Изградбата на новиот мост на реката Вардар кај Сарај [»мапа] е во завршна фаза и се очекува истиот да биде комплетиран во текот на септември годинава. „Изградбата на мостот е при крај, завршена е комплетната конструкција и поставена е плочата на коловозот. Останува да се дооформат пешачко – велосипедските патеки на мостот, да се изгради оградата и да се постави осветлувањето. По завршувањето на овие работи ќе се асфалтира коловозот на мостот со два слоја на асфалт. Паралелно со ова се работи на изградба на пристапните улици кон и од мостот во двете насоки со чие спојување ќе се заврши изградбата на овој голем инфраструктурен објект“, истакнуваат за „Билд“ од одделението за односи со јавност на Град Скопје.

 

Армирано – бетонскиот мост што во моментов се гради на западниот излез од Скопје ќе биде со должина од 50 метри во три распони. Ќе има две сообраќајни ленти со ширина од по 3,5 метри, велосипедска патека со ширина од 2,5 метри и пешачки патеки, а вкупната ширина ќе изнесува 12,5 метри. Како заштитна ограда е предвидено да се постават челични столбови. За решавање на сообраќајниот метеж, ќе се реализира пристапна сообраќајница од двете страни на мостот во должина од 650 метри. Вкупната инвестиција во овој проект изнесува 96,8 милиони денари, при што средствата се обезбедени од Град Скопје, општина Сарај и Владата на Р.М. Изведувач на градежните работи е компанијата „Гранит“ од Скопје, додека изведбениот проект за новиот мост го изработи фирмата „Прима инженеринг“.

 

» Форумска дискусија за овој проект

 

 

Новиот мост кај СарајНовиот мост кај СарајНовиот мост кај Сарај

Новиот мост кај СарајНовиот мост кај СарајНовиот мост кај Сарај