Претходна статија
ТЕМА: Ќе патуваме со авион до Дубаи, а не можеме со автобус да стигнеме ниту до Тирана
Следна статија
Митрополит Теодосиј Гологанов со булеварски профил на нови 750 метри

Земјиштето во индустриската зона „Металец“ целосно распродадено за 16 милиони денари

Објавено на 18.06.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Општина Прилеп успешно го заврши проектот за оформување на индустриската зона „Металец“. На денешното електронско јавно наддавање се продадоа последните пет градежни парцели за изградба на лесна и незагадувачка индустрија. На спроведената аукција се оттуѓи земјиште со вкупна површина од 20.087 метри квадратни, при што најмалата парцела има 3.314, а најголемата 5.665 метри квадратни. Инвеститорите се обврзани да подигнат пет фабрики на површина од 9.280 метри квадратни, чија висина до венец би изнесувала 7,6 метри. Од продажбата на земјиштето во општинската каса ќе се слеат 4.559.607 денари или околу 75.000 евра. Во индустриската зона „Металец“ целосно е изградена сета потребна инфраструктура од страна на општина Прилеп, така што на инвеститорите останува да ги реализираат своите планови за градба.

 

 

 

 

Покрај денешната, досега се реализираа уште две наддавања на 17 и 27 април годинава на кои се продадоа 16 градежни парцели, при што како најповолни понудувачи најчесто се јавија инвеститори од домашната економија. Индустриската зона „Металец“ е со површина од 71.976 метри квадратни, распределени на 21 градежна парцела. Локалната самоуправа во Прилеп од продажбата на земјиштето успеа да наплати вкупно 15.979.015 денари, односно околу 260.000 евра. Инвеститорите по целосното комплетирање на купопродажниот договор имаат рок од 9 месеци за да обезбедат одобрение за градење, а индустриските објекти ќе треба да ги завршат во период од 72 месеци по добивањето на градежната дозвола. По успешното завршување на првиот проект, општина Прилеп планира да продолжи со реализацијата на останатите две предвидени индустриски зони во градот.

 

 

» Форумска дискусија за индустриската зона „Металец“