Претходна статија
„Никофон“ ќе гради катна гаража во „барокен“ стил спроти Старата железничка станица, „Макоил“ близу плоштадот Македонија
Следна статија
На втората фаза од проширувањето на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов ќе се работи летово

Пругата од Битола кон границата со Грција ќе се реконструира догодина, ќе се изгради врска и со индустриската зона „Жабени“

Објавено на 08.06.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Во завршна фаза е изработката на проектната документација за реконструкција на пругата од Битола до македонско – грчката граница. До крајот на годинава ќе се распише тендер за избор на градежна компанија што ќе ги изведува активностите на терен, а во првата половина од 2013 година ќе започне ремонтот на оваа делница од Коридорот 10Д, кој ќе опфати и изградба на железнички крак до индустриската зона Жабени. Целиот проект треба да се комплетира до 2014 година, за кога е предвидено да стартува сообраќајот по обновената пруга на која ќе биде дозволена максимална брзина од 100 километри на час. Делницата од Битола до Кременица е долга 16 километри, а претпоставките се дека финансиската конструкција на проектот ќе изнесува над 10 милиони евра, средства кои ќе бидат обезбедени од европските ИПА фондови. Грчките железници пред неколку години целосно ја обновија пругата од Лерин до границата со Македонија. Железничкото поврзување помеѓу Битола и Лерин е во прекин од 1986 година.

 

 

» Форумска дискусија на оваа тема