Околу еден месец во тек е рушење на остатоците од старата железничка станица во Скопје, како и локалите што функционираа на тој простор. Со исклучок на главниот објект, во кој е сместен Музејот на град Скопје, просторот од речиси 10 илјади метри квадратни ќе биде целосно расчистен и на него турскиот холдинг „Лимак“ во наредните седум години треба да изгради повеќенаменско здание со висина до 23 метри, кое ќе претставува доградба на зградата на поранешната станица. Засега не се соопштуваат никакви информации за изгледот на доградбата.
» Форумска дискусија за овој проект