Претходна статија
„Мал ринг“ повторно се менува
Следна статија
Бројот на комерцијални паркиралишта и гаражи значително се зголемил во изминатата година

Тетово ќе го решава сообраќајниот метеж со изградба на четири кружни текови

Објавено на 26.05.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Локалната самоуправа во Тетово се одлучи постојниот сообраќаен метеж во градот да го надмине со изградба на четири кружни текови на главните улици и булевари. Првиот е предвидено да се изведе на влезот од Тетово, на местото на сегашната крстосница помеѓу булеварите Видое Смилевски – Бато и Илирија, вториот помеѓу булеварот Видое Смилевски – Бато и улицата Браќа Миладиновци кај фабриката „Тетекс“, третиот на крстосницата кај тетовскиот Монопол, а во моментов се работи на втората фаза од изградбата на кружниот тек на булеварот Благоја Тоска во близина на касарната „Кузман Јосифовски – Питу“.

 

 

 

 

Покрај замената на крстосниците со кружни текови на главните тетовски улици, во тек е реконструкцијата на булеварот Благоја Тоска, една од трите најважни сообраќајници во градот под Шара. Проектот вреден 34 милиони денари предвидува асфалтирање на целиот булевар со две ленти со ширина од седум метри, поставување на ново улично осветлување, нов тротоар, хоризонтална и вертикална сигнализација, како и завршување на зацртаниот кружен тек. Изведувач на градежните работи е „Ем Бе компани“ од Тетово, а активностите на терен треба целосно да завршат во период два месеци. Финансиските средства за зафатот се обезбедени од буџетот на Општина Тетово.