Претходна статија
Наплив од заинтересираност за изведба на нови фотонапонски електрани и мали хидроелектрани
Следна статија
Филип Втори поставен на плоштадот „Карпошово востание“

Oд септември субвенционирани „зелени кредити“ за сончеви колектори

Објавено на 20.05.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за економија е во преговори со неколку банки за воведување на заеми за граѓаните кои ќе се одлучат да вградат сончеви колектори во домовите, при што субвенционирањето би се одвивало преку искористување на европските средства кои се на располагање за оваа намена. „Од септември во соработка со банките ќе почнеме со вториот дел на субвенционирање за вградување на сончеви колектори, односно плаќање на девет рати. Тоа ќе значи дека домаќинствата ќе треба да плаќаат некаде по 60 до 70 евра месечно за вградување на ваков систем“, најави министерот за економија Ваљон Сарачини.

 

Министерот Сарачини денеска ги потсети граѓаните дека рокот за аплицирање за добивање субвенции за обезбедување на поврат на инвестираното за поставени сончеви колектори истекува за 10 дена. Според досегашните информации, на јавниот оглас се јавиле 1.200 граѓани а се очекува до 31 мај да пристигнат околу 1.500 барања за субвенции. По завршување на крајниот рок ќе се изврши јавно извлекување по случаен избор, начин со кој ќе се дознае кои 300 лица ќе ги добијат субвенциите во висина од 30% од финансиските средства што ги инвестирале. Околу 20.000 домаќинства досега поставиле соларни термални колектори, што е показател за сеуште неразвиената свест за можностите за искористување на енергијата од сонцето во Македонија.