Претходна статија
„Адора инженеринг“ меѓу 20-те најуспешни компании во Македонија
Следна статија
Започна реконструкцијата на улицата „Самоилова“ на Скопското Кале

Се нуди земјиште за изградба на хотели и трговски центар во општина Куманово

Објавено на 15.05.2012 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

Министерството за транспорт и врски во денешните изданија на весниците објави оглас за отуѓување на три градежни парцели за изградба на хотелски комплекси и големи трговски единици во атарот на с. Горно Коњаре, општина Куманово. Земјиштето е со големина од 9.114 и 3.399 метри квадратни (со намена за хотели) и 8.692 метри квадратни (со намена за трговски центри), додека максималната површина за градење на нив изнесува 6.639, 1.971 и 5.645 метри квадратни. Идните купувачи на понудените локации ќе можат да подигнат објекти во висина од 12 метри со приземје и два ката. Почетната цена за земјиштето на кое е зацртана изградба на хотелски комплекси изнесува 61 денар за метар квадратен, а она што е предвидено за трговски центар државата го нуди по цена од 800 денари за метар квадратен.

 

Отуѓувањето ќе се изврши по пат на електронско јавно наддавање што ќе се одржи на 27 јуни, за кое заинтересираните треба да достават пријава за учество најдоцна до 20 јуни. Депозитот за учество на лицитацијата изнесува 700.000 денари за субјектите кои се заинтересирани да градат трговски центар и 60.000, односно 25.000 денари за инвеститорите кои би подигнале хотелски комплекси на огласените парцели. Најповолните понудувачи ќе имаат рок од 12 месеци за да обезбедат одобрение за градба за објектот, при што истиот ќе треба да го комплетираат во период не подолг од 6 години од денот на добивање на градежната дозвола.