Претходна статија
Уште едно градилиште на кејот
Следна статија
Градот бара идејни решенија за катни гаражи

Се подготвува теренот за ТАВ

Објавено на 16.01.2010 во категорија Вести.
Facebooktwitterlinkedin

План за надградба на скопскиот аеродром според холандските консултанти од NACOНа скопскиот аеродром „Александар Велики“ започнаа подготовки за градежните работи кои треба да следат од март. Се испитува тлото на просторот каде што треба да никне новиот терминал и каде што треба да се продолжи пистата. Во исто време се средуваат и долговите на субјектите во авиосообраќајот. Со одлука на владата, јавното аеродромско претпријатие треба до крајот на февруари да ги исплати побарувањата на македонската контрола на летање „М-НАВ“ во вредност од 2,5 милиони евра, а „М-НАВ“ треба да го отплати кредитот од Европска банка за обнова и развој еден месец пред определениот датум.


Турски „ТАВ“ во август 2008 ги доби македонските аеродроми под концесија во траење од 20 години и е обврзан на инвестиции што се проценуваат на околу 200 милиони евра. Досега по барање на Турците владата два пати го одложуваше стартот на концесијата, а како оправдување беше наведувана неможноста да се дојде до кредити поради глобалната финансиска криза. Со одлука на владата од август 2009, како последен рок за превземање на обврските од страна на „ТАВ“ беше одреден 1 март 2010. Во спротивно беше најавено раскинување на договорот и активирање на банкарската гаранција од 6 милиони евра.